Министерката за одбрана Радмила Шекеринска посочува дека навремената реакција и присебноста на командирот на караулата Богородица, Башким Јусуфи и командирот на Здружениот оперативен штаб – Гевгелија, Крсте Станкоски помогнале да се спаси караулата Богородица.
„Јусуфи и неговиот тим први го забележаа пожарот и веднаш реагираа, Станкоски го насочуваше армискиот хеликоптер се до комплетно гасење на пожарот!“, додава Шекеринска.