Небото над С. Македонија, како 30. членка на НАТО, е дел од системот за воздухопловно патролирање на Алијансата кое над Европа функционира веќе 60 години, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Најсофистицираната опрема и авиони ја гарантираат безбедноста и на нашата земја и нашите граѓани. НАТО штити, обединува и зацврстува и денеска на нашето небо видовме што навистина тоа значи, објави Шекеринска на Фејсбук со хаштаг #ГоЧувамеНебото, #WeSecureTheSkies
#WeAreNATO.

Денеска, како што објавивме, авиони на НАТО летаа на Скопје, демонистрирајќи заштита на македонското небо.