Може да се разликуваме за политика од нула до 100, можеме секој ден да имаме различни ставови во Парламентот и јас тие различни ставови секој ден ги почитувам, ама има црвени линии што не смеееме да ги поминеме и заради нас и заради нашите деца. Очекувам од сите пристојни луѓе, кои верувам и сакаат добро на нашата татковина, да ја нацртаат својата црвена линија и во рамки на своите партиски органи. Извинете ако сум малку емотивна, но многу луѓе тој ден беа навистина на чекор до смртта.
Ова е пораката од министерката за одбрана Радмила Шекеринска упатена во одговорот на новинарско прашање дали смета дека правдата е задоволена и за колегите новинари кои на 27 парил во 2017 година известуваа од Собранието.
Посочувајќи дека соочувањето со 27-ми април треба да се прави на две нивоа, Шекеринска потенцира дека едното ниво е законот и судските одлуки и очекува оти сите оние кои беа одговорни за насилство ќе одговараат, не само тие кои оперативно го координираа, рече, туку тие кои го дигнале телефонот и дале наредби.
– Се разбира дека тоа значи и компензација и нотирање на жртвите, на сите тие кои беа повредени. Како некој кој си замина од Собранието и од Клиничкиот центар со неколку копчи на главата тешко ми е да говорам за тој ден, не само затради крвта, и не само заради жртвите и опасноста, туку затоа што се уште не можам да поверувам дека тоа се случило во мојата земја. Се сеќавам и на средбите таа вечер со вашите колеги во салата каде се случи главниот напад. Се гледавме меѓу нас и мислевме дека е лош сон и не е возможно луѓе да имаат толку злосторнички ум. Би сакала да верувам дека овие судски постапки ќе имаат своја завршница и оти ќе покажат со прст и со одговорност кон оние главните, а не само кон извршителите и роганизаторите, изјави Шекеринска, која заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ ги посетија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“.
За второто ниво, истакна министерката Шекеринска, имаме поголема одговорност ние да зборуваме. Такви ситуации, наведе, можат да се случат и во други демократски држави, но за да не се повторуваат мора во еден глас да ги осудиме, а она што вчера го видов на улиците на Скопје, не беше осудаа, тоа беше поддршка.
– Она што вчера го видов во Скопје е дека партијата што го создаде насилството, дури и вербално не сака да се огради од него. На 27 април 2017 година тоа беа воглавно наши глави, десеттина, 20, 30 луѓе. Ама ако во општеството и во државата се создава клима дека тоа е ОК и удираат апалузи на такво насилство, утре ќе биде нечија друга глава, не само нашата. Судорот и осудата на насилството мора да биде дел од нашата политичка култура, кој и да бил нападнат, повреден и да бил на чекор до смрт, порача Шекеринска.
Според неа, многу луѓе во одредени политички партии се засрамиле после 27 април и пришле и говореле, како што рече, дека не мислеле оти до тоа ќе дојде и, нагласи, им верував.
– Кога вчера ги видов еден дел повторно посторени со аплауз на насилството, не сум сигурна дека сме ја научиле лекцијата, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска.