Министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи попладнево учествуваат на видео состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО.
На состанокот на кој се поканети министрите за одбрана и шефовите на дипломатииите на земјите членки на НАТО, учествуваат и државниот секретар на САД Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин, како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
– Започна состанокот на НАТО министрите за одбрана и за надворешни работи. Со генералниот секретар Столтенберг и колегите од земјите членки на НАТО, ќе дискутираме за заедничките приоритети на НАТО сојузниците во глобалната безбедност, за Авганистан, за руските активности насочени кон Украина, за агендата #NATO2030 и за подготовките за Самитот на Алијансата.#WeAreNATO, напиша на Фејсбук министерката Шекеринска.