Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесу пристигна во сирискиот град Алепо погоден од земјотресот, јавуваат сириските државни медиуми.

Тедрос пристигна од меѓународниот аеродром Ал Мактум во Дубаи со лет за хуманитарна помош кој превезува медицинска и хируршка опрема вредна повеќе од 290.000 долари.