„Никој не помисли кои ќе бидат последиците од линчот упатен кон нашиот претставник за Евровизија, Васил Гарванлиев. Што ќе правиме со 400-те пораки и закани кон него? Дали некој ги чита коментарите и булингот што во моментов се одвива на социјалните медиуми? Дали некој ќе сноси одговорност за ова? Што доколку некој посегне посериозно и го нападне Васил Гарванлиев?“, овие прашања ги постави шефот на PR тимот на нашиот претставник за Евровизија, Јилмас Дервиши, кој беше гостин во емисијата „Стадион “ на Канал 77.
На прашањето дали има страв за безбедноста на Гарванлиев и дали размислуваат за физичко обезбедување, Дервишев одговори дека во моментот Васил е сигурен, но бидејќи тимот е малку загрижен се разгледува и опцијата за физичко обезбедување.