Актуелниот мандат на Столтенберг истекува на 1 октомври, а требаше да ја преземе должноста гувернер на централната банка во својата родна Норвешка до крајот на 2022.
На прашањето дали ќе остане генерален секретар на НАТО, Столтенберг кажа дека таквата одлука треба да ја донесат земјите членки.
Руската инвазија на Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“, доведе до најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна, а западните земји почнаа од темел да ги преиспитуваат своите одбранбени политики.
Столтенберг, економист по образование и поранешен лидер на норвешката Лабуристичка партија, беше норвешки премиер од 2000 до 2001 и од 2005 до 2013. Една година потоа стана генерален секретар на НАТО, а претходно беше и норвешки министер за финансии и енергетика.
Гувернерот на норвешката централна банка е задолжен за одредување на каматните стапки и управувањето со финансиската стабилност, како и надзор над норвешкиот државен фонд, најголем во светот со имот од 1,4 билиони долари.