Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ќе престојува во работна посета на Москва на 4-6 февруари, објави во понеделникот руското Министерство за надворешни работи. На 5 февруари, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Борел ќе разговараат за „целиот спектар на проблеми и изгледи на односите меѓу Русија и ЕУ“, се вели во соопштението на Министерството.

Двете страни ќе разменат мислења за состојбата на Западен Балкан, Блискиот исток и Северна Африка и регионот на Комонвелтот на независни држави. Тие, исто така, ќе разговараат за можноста за спроведување на иранскиот нуклеарен договор, ситуацијата во Нагорно Карабах и безбедносните прашања во Европа.

– Advertisement –

Прикажи повеќе