„Пожарот на македонска територија е на 7 километри од бугарската граница. Неговиот фронт изнесува 13 километри и засега нема опасност да премине на бугарска територија. Нашите пожарникари таму успеале да спасат две села од пожарот“, изјави во брифинг кај селото селото Габрово благоевградско, директорот на бугарската главна дирекција за противпожарна безопасност, главен комесар Николај Николов.

„Нашите пожарникари во Македонија ја имаат задачата да ги зачуваат селата кои се во непосредна близина до Бугарија и да го чуваат источниот фронт на пожарот, за истиот да не се префрли на наша територија. Шефот на бугарските пожарникари додаде дека Бугарија е подготвена доколку пожарот се префрли на нејзина територија, да вклучи во нивното гасење и авиjациона техника.
Извор: Трибуна