Андреас Флатен во ноември дал отказ во механичарската работилница во Пичтри, Џорџија, во ноември, но воопшто не му беше лесно да ја добие последната плата.
Флатен не само што им се обратил на локалните медиуми, туку го контактирал и Министерството за труд во Џорџија.
Имено, на 12 март конечно пристигнала неговата последна плата од 915 долари во неговиот дом, но во форма на десетици илјади монети. Бидејќи Флатен му соопштил на својот шеф дека таа работа е токсична средина за него, сите пари, приближно 500 килограми, исто така биле симболично подмачкани со моторно масло – отровен загадувач на подземните води.
Покрај сето тоа, тука била и пораката во која шефот го опцул Флатен. Оваа необична ситуација го привлече вниманието на јавноста кога девојката на Флатен, Оливија Оксли, објави видео од куп монети каде што воедно и ги опиша околностите на добивањето отказ на нејзиното момче.
Како што вели, Флатен наводно ја дал својата „писмена оставка“ две недели однапред.
– Тие две недели се претворија во пет дена. Мајлс Вокер од сервисот за автомобили продолжи да биде кретен и нормалниот работен ден го претвори во пекол. Тој имаше непотребни коментари за ќерката на моето момче – рекла таа. Оливија, исто така, вели дека била згрозена од посветеноста на Вокер затоа што тој морал некако да набави толку многу монети.
Поранешниот вработен Флатен тврди дека неговиот поранешен шеф е познат по тоа што ги малтретира своите работници, а еден поранешен работник тврди дека неговиот шеф му ги соблекол панталоните пред колегите.
Кога новинарот Џејми Кенеди му влегол во трага на манијакалниот шеф, тој го оттурнал.
„Тргнете се од мојот имот“, рекол огорчениот шеф и додал: „Тој си ја доби платата, тоа е сѐ што е важно. Тој е слабак, затоа што го објави сето тоа“.
Меѓутоа, Флатен искоментирал дека ова однесување на лошиот шеф е навистина детско и дека тој сега ќе има проблеми со парите што веќе ги заработил.
Инаку, Флатен одлучил да си даде оставка затоа што тој и неговиот шеф биле во кавга околу неговиот распоред. Шефот му ветил на Флатен дека ќе му даде пауза за да го земе своето дете од градинка. Меѓутоа, бидејќи тој постојано го игнорирал тоа ветување, а имале и други жестоки расправии, Флатен си дал оставка.
Флатен и неговата девојка во моментот сè уште се „борат“ со монетите, затоа што мораат рачно да ја исчистат секоја монета од еден цент со стара крпа. Потребни им се околу два часа за да исполираат 5 долари.
Иако оваа ситуација колку што е бизарна, дотолку е и неприфатлива, Флатен не може да стори ништо, тврди портпаролот на Министерството за труд на САД, Ерик Р. Лусеро.
– Во прописите не постои ништо што диктира во која валута мора да се плати вработениот – рекол Луцеро, пишува „Њујорк пост“.