Не е тајна дека конзумирањето поголема количина шеќер има негативно влијание врз здравјето на луѓето.
Премногу шеќер, особено оној во преработената храна, е поврзан со вишок телесна тежина, надуеност, дијабетес, срцеви заболувања и рак. Сепак, има нешто што можеби не сте го знаеле, а тоа е дека вишокот шеќер во организмот остава подлабоки ефекти врз кожата преку процес наречен гликација.
Гликацијата е процес што се јавува кога шеќерот и неговите нуспроизводи се приврзуваат на разни влакна и протеини во нашето тело. Потоа следува формирање на молекули наречени – напредни гликациони крајни производи.
Гликацијата е всушност природен процес кој започнува во дваесеттите години, дури и со нормално ниво на гликоза, но исхраната богата со шеќер може да го забрза овој процес. Во слојот на кожата, овие молекули ги ослабуваат колагенските влакна, што се рефлектира со појава на брчки, опуштање и истенчување на кожата.
Нема јасно дефиниран одговор колкава количина на шеќер се смета за премногу висока, но дефинитивно се препорачува минимална дневна количина.
За да бидете сигурни дека не внесувате непотребна количина шеќер во вашето тело, избегнувајте храна со висок гликемиски индекс, како што се газирани пијалоци, фабрички бисквити, чоколадо итн. Наместо тоа, обидете се да консумирате шеќер што природно го има во овошјето.
Еднаш откако ќе се појави гликација, не може да исчезне. Сега кога знаете каква штета може да ѝ нанесе на вашата кожа, треба да избегнувате шеќер и да се обидувате да конзумирате повеќе здрава храна.
Покрај исхраната, се препорачува да користите производи за нега на кожата кои содржат витамини Ц, Е и А. Антиоксидансите како што е зелениот чај магично влијаат на состојбата на кожата, која под влијание на шеќер ја изгуби својата еластичност.
Исто така, што поголема можна количина на свежо овошје и зеленчук е онаа што може да ја сврти играта во ваша корист, бидејќи кожата ги црпи сите потребни антиоксиданти од оваа храна.