Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска изјави дека процерсот на времено згрижување на авганистански бегалци во земјата ќе биде транспрантен пред тие да бидат евакуирани по НАТО бази во Европа.
„Секој евакуиран граѓанин на Авганистан кој ќе пристигне, секој ќе биде регистриран и за сите ќе бидете информирани. Тоа се се луѓе на кои треба времено престојување пред да заминат во земјите на нивната крајна одредница, рече Шекеринска.
Таа смета дека како члеnка на НАТО имаме поголема одговорност да помогнеме за ублажување на хуманитарна катастрофа, а сите трошоци за пренесувањето и сместувањето на бегалците ќе ги покријат сојузниците.
Според неа, дел од Авганистанците кои се евакуирани и кои работеле за НАТО, ќе бидат најверојатно транспортирани во некоја од НАТО базите низ Европа.