Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска нема намера да даде оставка што НАТО одби да даде сертификати на македонски офицери поради тоа што не уживаат доверба од Алијасната!
„ВМРО-ДПМНЕ очекува оставка од мене, претпоставуваш уште пред да бидам избрана за министерка чекале оставка. За што да дадам оставка, дека влеговме во НАТО?“, рече Шеќеринска одговарајќи на пратеничко прашања.
„Кого и за кого шпионирале овие генерали кои не може да добијат сертификат од НАТО?, праша претходно пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ.
Таа смета дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се вцрвени кога зборува за НАТО затоа што го опструирале членството на земјата во Алијансата.
„Има само двајца генерали кои се избрани како резултат на мој предлог. Тие двајца имаат НАТО сертификати. И сега кој ќе излезе овде да се извинува?“ праша Шекеринска.