Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска смета дека за постигнување договор со Бугарија треба да има желба од двете влади и народи.

„Јас сум горда и сигурна во себе, мојот идентитет и во својата Македонска изворна идентификација и нема што да дискутирам со Каракачанов која сум и што сум, ако тој сака да биде Македонец нека повели“, изјави Шеќеринска за Сител.

Таа смета дека изјавите на Каракачанов каде се спори идентитетот на нејзиното семејство не се од полза.

„Тој што е сигурен во себе, во својот идентитет и својот јазик нема потреба толку да се пени и објаснува“, вели Шеќеринска.