Претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел го поздрави француското решение за договор помеѓу Македонија и Бугарија на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Mишел напиша дека е постигнато решение за договор што ќе го отвори патот за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија во ЕУ и дека со ова решение ЕУ е најблиску од кога било да каже „да“ за нашата земја.