Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го повика раководството на Северна Македонија да ги исполни обврските и договорите на патот кон членство во ЕУ, објави БГНЕС, пренесува Трибуна.

Го поздравив премиерот Христијан Мицкоски во Брисел и ѝ честитав на Северна Македонија за геостратешката ориентација и нејзината посветеност за влез во ЕУ.

Со сегашната динамика на проширувањето на ЕУ, PCM има вистинска можност да напредува по патот и да се приклучи кон нашето семејство. Клучно е да се исполнат обврските од минатото, да се почитуваат правно обврзувачките договори и решително да се продолжи со реформите“, нагласи Мишел.