Во централниот дневник на телевизија Сител министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека бројката на отсутни ученици и наставници на дневно ниво е околу 0,02, што не значи дека сите тие се отсутни поради Ковид-19.
Шаќири смета дека сѐ уште е рано да се следи настава без маски.
Апелираше сите учесници во образованиот процес да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид-19 и надвор од училиштата затоа што, како што посочи, според епидемиолошките анкети, има случаи во кои лицата позитивни на Ковид изјавиле дека имале контакт за време на викендот.
Во однос на реакциите на дел од родителите дека како дел од препораките се отвораат прозорци за време на наставата, Шаќири со став дека проветрувањето на училниците треба да се прави за време на одморите.