Шакира беше главна ѕвезда на светската премиера на Zootopia 2 во Холивуд синоќа, а посебно внимание привлече кога пристигна во придружба на своите синови, 12-годишниот Милан и 10-годишниот Саша.

Семејството прошета по црвениот тепих пред театарот Ел Капитан во беспрекорно координирани виолетови комбинации, воодушевувајќи ги сите присутни.

Познатата 48-годишна пејачка повторно го позајмува својот глас на популарниот лик Газел во новото анимирано продолжение. За оваа посебна пригода, Шакира, Милан и Саша носеа облека потпишана од дизајнерката Стела Мекартни.

Нова песна за филмот

Покрај враќањето во својата улога, Шакира сними и нова оригинална песна за филмот наречена Zoo.

Новото продолжение на популарниот филм Zootopia 2 доаѓа во кината низ целиот свет на 26 ноември.

фото: ЕПА

Текстот Шакира позираше со синовите на црвениот килим во Холивуд е превземен од МАКФАКС.