Британската компанија „Hipgnosis Songs Fund Limited“ купи 100% од правата за објавување на музиката на колумбиската пејачка Шакира.
Продадени се 145 песни, објави компанијата.
„Да се биде текстописец е достигнување што го сметам за еднакво, а можеби дури и поголемо од тоа да се биде пејач и уметник. Секоја песна е одраз на личноста во која бев во моментот кога ја напишав, но кога ќе ја види светлината на денот, таа не припаѓа само на мене, туку и на оние што ја сакаат“, рече Шакира во изјавата, додавајќи дека и е чест што може да комуницира со други.
Шакира го издала својот прв албум во 1991 година кога имала 13 години, а светската слава ја стекна со нејзиниот трет албум „ Pies Descalzos“ во 1995 година.
Добитник е на многу престижни награди, вклучувајќи и три Греми награди, а притоа има продадено вкупно 80 милиони албуми.