Пред почетокот на вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, во Словенија, министерката за труд и социјална политика на Јагода Шахпаска на својот Фејсбук профил напиша дека со еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит, размениле мислења за предизвиците со кои се соочува пазарот на трудот по пандемијата со Ковид-19.
Министерката во својата објава истакна дека разговорот со Шмит бил неформален, но сепак продуктивен.
-Пандемијата ги погоди и младите во целиот свет. И затоа наша обврска е да создадеме услови младите со брзи чекори да одат напред. Разговаравме и за нашите очекувања од словенечкото претседателство со ЕУ и недвосмислената определба на Република Северна Македонија да стане дел од големото европско семејство, информира Шахпаска.