Министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска во гостувањето во Сител ТВ изјави дека ниту Груевски кој побегна , ниту Заев како актуелен премиер кој се бори во најголемата криза, ниту министерката за труд и социјална политика им ги дава пензиите на пензионерите, туку како што вели тие тоа си го одработиле и заслужиле во нивниот работен век.

Таа на тема пензии и нивна исплата, им порача на пензионерите дека пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно, зголемени  согласно Закон, кое што беше укинато од претодната власт. Тоа значи усогласување на пензиите со растот на тошоците на живот, двапати во  годината, раст на пензиите со раст на  БДП повеќе од 4% и  третата можност за раст е  со раст на минималната  плата од 15% и просечната 5%.