Пратеничката на Алтернатива Сафије Садики Шахини во интервју за ЗУМ.МК, кое ќе се објави вечерва, вели дека има емпатија за Македонците кога станува збор за одбрана на нивниот јазик и идентитет, како што имаме и разбирање за аргументите кои ги наведува бугарската страна, но неспорен е фактот дека спорот ја попречува интеграцијата на земја во ЕУ.

„Без разлика кој е повеќе а кој помалку виновен, ние не сме го започнале процесот за интегрирање  во Европска Унија. Секако дека сето ова е неповолно и за Европската Унија“, вели Шахини.

Таа смета дека ЕУ треба да помогне да се најде решение за проблемот, а министерот за надворешни работи, Бујар Османи треба повеќе да мисли како да го реши спорот, а не да води само сметка за неговото медиумско претставување.

Во интервјуто Шахини збори и за нивниот предлог за измени и дополнувања на Законот за државјанство, со кој верува дека ќе се спречи децениската дискриминација на граѓаните, кои со години не можат да го решат проблемот со државјанство.