Цената на зелениот картон би можело да се намали ако се зголеми конкурентноста, односно ако на пазарот му се понудат повеќе различни опции за нејзиното времетраење или зачестеност на употребата, вели во своето вечерашно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат, првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Крсте Шајноски.
„Она што сметам дека наједноставно може да се направи за да се предизвика одредено намалување на цената на зелената карта, е да се зголеми рочноста и фрекфенцијата на користење на зелената карта. Во моментов имаме користење на зелената карта за еден месец и за година. Мислам дека конкуренцијата ќе биде поголема ако се дозволи поголема рочност, од неколку дена, од еден месец, од две недели од пола година и ако се обезбеди зелена карта која ќе се пресметува во зависност од обемот на користење, односно излегување надвор од државата“, вели Шајноски.