Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска го прими младиот гостиварец Анди Исмаили, неколкукратен светски шампион во модерен танц.
– Исмаили му вети на министерот Шаќири дека во иднина ќе освои уште многу титули. Тој се потсети на некои од најинтересните моменти од светските натпревари, на кои веќе неколку години докажува дека е вонсериски талент, соопшти МОН.
На средбата Исмаили им се заблагодари на неговите тренери за сите досегашни успеси.
– Танцот е мојот живот. Многу сакам да танцувам и не ми е тешко напорно да вежбам. Секако дека е точно оти сами себе сте си најголем конкурент. И затоа секогаш си повторувам: ,Hard work makes the dream work’“, рече Исмаили,
Посакувајќи му да биде истраен и да продолжи да ги осварува своите соништа, министерот Шаќири, како што информира МОН, нагласи дека Министерството е секогаш отворено за младите, го слуша нивниот глас и е фокусирано на нивните потреби.