Помал надоместок за телевизиско емитување, медиумската писменост и алатки за брзо откривање и спречување на ширењето на лажни вести, ова, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, се дел од фокусот на работа во текот на целиот мандат.
Од МИОА дополнуваат дека нивната работа ќе се фокусира и на медиумите а, како што наведуваат, нивната примарна цел е да создададат средина каде што можат да работат слободни и независни медиуми и за ова, како што велат, ќе работат интензивно.
Дел од фокус точките кои ги посочуваат, покрај алатките за новинарите и граѓаните, за брзо откривање и спречување на ширењето на лажни вести и медиумската писменост, особено кај најмладата публика, преку воведување на соодветни содржини во образовните предмети во основните и средните училишта, почнувајќи од учебната 2021/2022 година, се и поддршка за создавање на истражувачка медиумска лабораторија и континуирана финансиска и нефинансиска поддршка за печатените медиуми и локалните телевизии.