Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири најавува дека до второто полугодие ќе има решение за учебникот по Историја и општество за петто одделение во кој се констатирани низа грешки и нелогичности.

„До второто полугодие ќе имаме решение и ќе побараме од авторите да ги корегираат грешките. Ако се утврди дека грешките се повеќе од 30 проценти, ќе заземеме став. Очекуваме дали се само тие или има уште“, рече министерот во гостување во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

Министерството за образование и наука и Педагошката служба на 16 декември соопштија дека почнале процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за петто одделение.