Тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги потпиша нов договор со клубот од Андалузија до 2024 година. Претходниот договор важеше до 2022 година, објавено е на веб-страницата на тимот.

Лопетеги беше тренер на Севиља од летото 2019 година, пред тоа работеше за Реал Мадрид и шпанската репрезентација.

Во сезоната 2019/20, Лопетеги со Севиља ја освои Лигата на Европа. (МИА)