Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Давос, оствари кратка средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.
Претседателот Пендаровски во разговорот со Кулеба ја реафирмираше целосната поддршка за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија како членка на НАТО, во рамки на можностите ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.
Кулеба изрази благодарност за поддршката од Северна Македонија, декларирана и во писмото упатено од претседателот Пендаровски до украинскиот претседател Зеленски.