Со само 274 милиони долари странски ивестиции, Северна Македонија е на дното на листата на балканските земји по привлекување странски капитал, објави Идеолошкиот и аналитички центар „Конзерватив МК“, повикувајќи се на „United Nation Conference on trade and development“.
На првото место по СДИ (Странски директни инвестиции) е Србија со 3,4 милијарди долари, а потоа следуваат Хрватска и Албанија со 1,3 и 1,1 милијарда.
Црна Гора, која има четири пати помалку население од Северна Македонија има околу 530 милиони долари странски инвестици, а Босна и Херцеговина околу 100 милиони долари повеќе.