Северна Македонија и Јужна Африка воспоставија дипломатски односи во рамки на Генералното Собрание на ОН, во Њујорк, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
-Потврда за нашите заложби за градење пријателски односи и партнерства и со географски оддалечените земји. Ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји нуди дополнителни можности за развој и на економските и бизнис врски, како и зајакнување на соработката на мултилатерално ниво. Јужна Африка е 182 земја со која Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи, вели Бујар Османи.