Jужнокорејската армија соопшти дека Северна Кореја истрелала „непознат“ проектили, додека јапонската Влада тврди дека Пјонгјанг лансирал балистички проектил.
Ракетната проба се случува само еден ден откако САД и Јужна Кореја ги завршија воените вежби во Филипинско Море.
Изминатите недели Северна Кореја истрела серија проектили, вклучувајќи ја и нејзината најголема интерконтинентална балистичка ракета.
Според разузнавачки информации Северна Кореја продолжува со подготовките на полигонот за нуклеарни тестирања во градот Пундери. Тоа би била седма нуклеарна проба на Северна Кореја од 2006 година.
САД минатата недела побараа дополнителни санкции на ОН за Северна Кореја поради тестирање на балистички ракети, но Кина и Русија ставија вето на предлогот.