Лидерот на Северна Кореjа, Ким Џонг-ун лично нареди лансирање на нов тип на интерконтинентална балистичка ракета, јави државната севернокорејска новинска агенција КЦНА.

– Тестирањето на новиот тип интерконтинентална балистичка ракета Хвасонгфо-17 на Стратешките сили на Народна Република Северна Кореја беше извршено на 24 март по наредба на Ким Џонг-ун, објави КЦНА.

Со тоа Пјонгјанг официјално го потврди она што претходно денеска го соопшти јужнокорејскиот претседател Му Џае-ин.

Лансирањето на таков тип ракети предизвика бројни меѓународни осуди.