Серискиот убиец од Калифорнија, Роџер Рис Киб (81), кој задави и силуваше најмалку седум жени, и самиот беше задавен во државниот затвор, соопштија официјалните лица.
Стражарите во неделата забележале дека Киб, познат како „Давител од патот I-5“ од седумдесеттите и осумдесеттите, не реагира на повиците. Покрај него стоел неговиот 40-годишен цимер Џејсон Бурдоу, осуден убиец со тетоважа „666“ на челото.
„Аутопсијата покажа дека е задавен“, рече шерифот од округот Амадор. Истрагата е во тек и засега против никого не е покренато обвинение за неговото убиство.
Киб првпат бил осуден во 1991 година за давење на Дарсин Фракенпол, 17-годишна девојка, која избегал од својот дом во Сиетл. Нејзиното скоро целосно голо тело било пронајдено во 1987 година западно од градот Саут Лејк Тахо.
Во 2009 година, истражител од канцеларијата на обвинителот на округот Сан Хоакин откри нови докази што го поврзуваат Киб со шест дополнителни убиства во неколку окрузи во Северна Калифорнија.
Тој издржуваше неколку доживотни затворски казни.