Земјотресот со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во Јадранското море, а најмногу го почувствувале жителите на хрватските острови Корчула и Вис. Два послаби земјотреси ги стресоа и Грција и Бугарија, објави Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според ЕМСЦ, во Грција се регистрирани два земјотреса со јачина од 3,0 и 3,1 степени според Рихтеровата скала. Првиот земјотрес е регистриран на длабочина од шест километри на 41 километар западно од Лариса, а вториот на длабочина од 4 километри на 32 километри од истиот град.
И подоцна следуваа низа помали земјотреси кај јужниот сосед.
Потоа послаб земјотрес, со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, ја погоди и Бугарија.
Последниот регистриран земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала беше на границата со Турција, пренесува ЕМСЦ.