Инфекциите со коронавирусот никогаш нема да исчезнат целосно и ќе останат засекогаш, како што се случи со вирусот на грип, изјави денеска претседателот на Руската академија на науките (РАС), Александар Сергеев.
-Тоа што го разгледуваме сега значи едно – инфекцијата со коронавирусот засекогаш ќе остане во човештвото, како што тоа се случи во одреден момент со вирусот на грип, рече Сергеев за Тасс.
Тој додаде дека инструментите во борбата против ширењето на коронавирусот се јасни – вакцинација и создавање нови фармацевтски производи.
Според најновите податоци на СЗО, повеќе од 115,2 милиони лица во светот веќе биле заразени со коронавирусот, додека над 2,5 милиона од нив умреле како последица на болеста Ковид-19.