Американскиот Сенат го потврди дипломатот ветеран Вилијам Барнс за директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), ставајќи еден од најискусните дипломати во земјата на чело на агенцијата.
Барнс, кој има 64 години, беше потврден вчера со широка двопартиска поддршка, откако сенаторот Тед Круз, републиканец од Тексас, ја запре блокадата на номинацијата поврзана со рускиот гасовод „Северен тек 2“. Круз неодамна изјави дека блокадата е со цел да изврши притисок врз администрацијата на Бајден да ги санкционира бродовите и компаниите што го градат гасоводот.
– Advertisement –