Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100км од градот и е на пат да ја напушти Украина, соопшти министерот Османи преку социјалните мрежи.
Тие со на безбедно и се во доба состојба. Се очекува во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје.
Како што вели Османи, во Харков, градот кој е најпогоден со воени дејствија, во моментов немаме веќе пријавени наши државјани.