Семејството Рашковски ќе градат супер-хациенда од 800 м2 во Побожје, објави Алсат.
На плацот, според имотниот лист, постоеше викенд куќа од околу 60 – на метри квадратни. Сега просторот е порамнет. Според нашите информации и проектот кој треба да се изгради тука, станува збор за куќа од над осумстотини метри квадратни нето површина. Алсат објави дека просторот е расчистен. Исечени се дрвјата околу плацот. На имотот како сопственици се јавуваат децата на Рашковски. Но и самиот тој во Побожје поседува 11 илјади метри кавдаратни земјоделско земјиште. Го впишал во анкетниот лист по изборите лани. Но, овој имот го нема во неговиот претходен анкетен лист кога дојде на функцијата Генерален секретар на Влада. Го купил потоа за речиси 100 илјади евра. Колку заработува, а колку троши, истражува и Антикорупциската комисија.