Европскиот суд за човекови права во Стразбур е адресата на која семејството Алиу од Куманово ќе бара правда за убиството на нивниот 4 годишен син Алмир. Одбраната на семејството подготви два предмета. Адвокат Ибраим Бајрами рече дека првиот случај ќе биде за мајката на Алмир како оштетена страна, а вториот за неговиот татко и двајцата роднини како обвинети страни, кои се осудени за насилство. Бараат преквалификација на предметот за двајцата браќа Илиќ, убиство со умисла и физички напад.

„Поднесовме докази што значително ќе влијаат на фактичката состојба, докази што не беа прифатени за време на судските рочишта и други факти што влијаеја во Обвинителството да се сменат правните квалификации и судот да ги донесе тие одлуки. Верувам дека по одлуката на Судот во Стразбур, ќе се создадат услови да се поднесе барање за повторно судење на случајот од почеток”, вели адвокатот Бајрами .