Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж.

Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело, велат од обвинителството.

Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам.

Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител.

Текстот Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја е превземен од МАКФАКС.