Сите со нетрпение очекуваа Кејт Мидлтон и принцот Вилијам да објават традиционална божиќна честитка на своите официјални профили на социјалните мрежи, а тоа вклучува и фотографија од нивното семејство.
На најновата фотографија, Кејт и Вилијам позираат заедно со своите деца, синовите Џорџ и Луис, и ќерката Шарлот.
Сите се облечени полежерно од вообичаеното, што ја прави фотографијата уште поемотивна, а познато е дека Кејт е избрана за најдобро облечена жена за 2025 година.
Насмевките на нивните лица им дадоа на луѓето самодоверба и доказ дека конечно сè е во ред во кралското семејство.
„Им посакуваме на сите Среќен Божиќ“, пишува во описот на објавата, за која се вели дека е создадена уште во април оваа година, па затоа ја избрале како традиционална честитка.
„Прекрасно“, „Прекрасно семејство“, „Убаво е да ве видам насмеани и заедно“, „Среќен Божиќ“, беа само дел од коментарите.
Текстот Семејната фотографија го разнежни светот: Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ги честитаа празниците е превземен од МАКФАКС.























