Семејството на Кико, кој неодамна почина а за кој беа собрани донации и се одржа хуманитарен концерт, донираа парични средства за лекување на малиот Стефан, во висина од половина милион денари, објави јутјуберот, Стефан Лазаров.

„Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејство Коцеви е извршена донација во вредност од 500,000 денари.

Ова е од Кико за Стефан.Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу… а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави.“ напиша на Фејсбук тој.