Поп принцезата Бритни Спирс последниве  недели е во центарот на вниманието благодарение на документарецот на угледниот „Њујорк тајмс“ за нејзината кариера одбележана со бројни падови. Во  последните четири години 39-годишната пејачка е во среќна врска со 27-годишниот актер и фитнес инфлуенсер Сем Асгари кој во новото интервју откри дека нивната врска е подготвен да ја подигне на повисоко ниво.


Мои приоритети во животот се да останам скромен и да знам од каде доаѓам и каде одам. Својата актерска кариера сакам да ја доведам до следно нивo, а исто така и мојата врска со Бритни. Би сакал да станам млад татко – признава Асгари во интерјвуто за „Форбс“.

Вниманието на светската јавност Асгари го доби со глумата во спотот за синглот „Slumber Party“ на својата сегашна девојка, а нивната бизнис соработка пред четири години вроди со љубовна врска. Како што открива тој секогаш сакал да глуми на малите екрани и да снима филмови, и јавноста да не го перцепира само како актер во спотови на музичките ѕвезди. Негов добар пријател во 2016 година го упатил во тимот на Бритни, кој го избрал за главна улога во нејзиниот тогашен спот „Slumber Party“.

– Мојата тогашна девојка лично ја избра фотографијата со која би се презентирал пред тимот на Бритни и сакаше да одам  на кастинг за нејзиниот нов спот, а за истото ме наговори и мој близок пријател. Не знаев кој ќе биде задолжен за снимање на спотот, бидејќи сите детали околу него беа тајни. Решив да се појавам на кастингот и да го прифатам ангажманот, а останатото е историја – се присеќава Асгари.

Неговата славна девојка со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн ги има синовите Шон (15) и Џејден (14).