„Заев е свесен дека одолговлекувањето и тактизирањето околу оставката нема да му носи нему лично ништо, а ќе направи штета на СДСМ. Она што е битно е дека не можете вие како премиер да викате „од утре јас си одам вие што сакате прајте“, никој премиер не може да го направи тоа. Ние сме пред енергетска криза, ние сме влезени во преговори со Бугарија, за да го затвориме тој спор и да почнеме преговори, тој мора некои работи да ги заврши, да им даде тек и веројатно бара наследник “, изјави новинарот Насер Селмани во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24.

Селмани додава дека Заев мора да најде наследник во СДСМ, којшто ќе ја води партијата во наредниот период. Според него во опозицијата нема еуфорија затоа што знае што ја очекува.