Главниот уредник на порталот zoom.mk даде специјално интервју за емисијата „Светот и ние“ на Бугарската национална телевизија во којашто направи анализа на причините поради кои евроинтеграцијата на РС Македонија тапка во место. Според него во РС Македонија има политички елити кои потекнуваат од поранешниот комунистички систем. „Сѐ уште е жив негативниот однос кон Бугарите којшто е создаден во времето на Југославија, бидејќи тогаш требаше да се креира ликот на имагинарниот непријател за да бидеме поблиску до Србија и другите југословенски народи“, вели Селмани во интервјуто за БНТ. Тој верува во политичката мудрост и дека Скопје ќе ја разбере реалноста и ќе ја редефинира идејата за македонизмот. Селмани исто така е оптимист дека со Бугарија ќе бидат изградени нормални односи, но смета дека без сериозно влијание од надвор, РС Македонија не би можела да се демократизира. Селмани е скептичен за патот на РС Македонија за време на португалското претседателство на ЕУ до јули 2021 година. „Важно е процесот на евроинтеграција да започне, бидејќи тоа е единствената алтернатива за иднината на земјата во регионот како независна држава“, вели Селмани во интервјуто за емисијата „Светот и ние“