Република Северна Македонија е во сложена ситуација, вели универзитетскиот професор Башким Селмани во вечерашното издание на емисиајта „Патот кон …“ на Алсат. Според него средбата меѓу Заев и Мицкоски предизвикало чувство за правење политика. Тој оваа средба дури ја нарече „Скопска платформа“. Меѓу другото, Селмани истакна дека земјава е единствената држава во која политичарите подготвуваат и усвојуваат закони во служба на политичките партии, но не и на граѓаните.
„Суштинскиот проблем е тука, што овие политичари воопшто денес донесуваат повеќе закони во служба на политичките партии. И кога ќе се сретнат тие ги менуваат и ги носат. Македонија е единствената земја каде што имаме закони за партиите, но не и за граѓаните … Ако Албанците не најдат единство, науката вели дека не е важно кој е автор на акцијата, но како наоѓаме единство. Гледате два начина на единство на ВМРО и СДСМ, обединети со криминалот што го направи помирувањето и вториот напад што се случи сега, со ова деблокирање што се случи на суштинскиот начин дефиниран меѓу СДСМ и ВМРО во што можеме да го наречеме „Скопска платформа“, дека 90 дена правеа врева против јазикот, против сè што е албанско и овој национализам на овие што е воведен во институционалниот режим, ние Албанците треба да се обединиме. И, ако сепак инсистираме едни на други да си кажеме кој е сторителот на вината тука, имаме погрешен начин“, вели Селмани.