Новинарот Насер Селмани во емисијата 24 анализа рече дека власта сака да ja продаде приказната дека инцидентите на протестот во Скопје се предизвикани од опозицијата.

„Одговорност е на власта што не идентификува луѓето кои предизвикуваат инциденти. Видов дека полицијата не реагираше вчера на судирот. Тоа е несериозно, затоа покажува дека власта и опозицијата се неспособни одговорно да ја водат власта. Не сме зрели како политички елити кои на вакви предизвици треба да покажат дека се спремни да се справат со вакви ситуации“, изјави Селмани.