Холивудската ѕвезда Селма Хајек се приклучи на снимањето на филмот „ House of Gucci“, во режија на Ридли Скот, во кој главните улоги ги играат поп – ѕвездата Лејди Гага и актерот Адам Драјвер.
Актерката номинирана за Оскар ќе го толкува ликот на Пина Ауриема, најдобрата пријателка на Патриција Реаџани, вдовица на Гучи.
Salma Hayek has joined the cast of Ridley Scott‘s House of Gucci starring Lady Gaga and Adam Driver. The Academy Award-nominated actress will play Pina Auriemma, Patrizia Reggiani‘s (Gaga) friend who was paid to help carry out the assassination of Maurizio Gucci (Driver). pic.twitter.com/lYgSFIHKaG
— Gaga Daily (@gagadaily) April 2, 2021
Пина била жената која и помогнала на Патриција да го организира убиството на нејзиниот сопруг, кого го игра Адам Драјвер во филмот.
Патриција Реџани, позната во Италија како Лејди Гучи, завршила во затвор во 1998 година, откако била прогласена за виновна за нарачано убиство. Таа му платила на убиецот сума од приближно 300.000 евра за да го убие нејзниот поранешен сопруг Маурицио Гучи, мултимилионер, сопственик на модната империја „Гучи“.