Селекторот на кошаркарската репрезентација на Хрватска и тренер на Задар, Вељко Мршиќ, веќе седум дена се бори со висока температура.
Мршиќ вчера е хоспитализиран во болница поради коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми.
Тој уште минатата недела имал симптоми на ковид-19 и на препорака на лекар, тој се лекувал во домашни услови, но бидјеќи седум дена не успеал да ја намали температурата, вчера итно е примен во болница.
Денеска Мршиќ се чувствува подобро, а доказ за тоа е фотографијата која ја објави на својот профил на Инстаграм по што доби пораки за поддршка.
Минатата недела беше одложен натпреварот на Задар против Борац во АБА лигата, а неговиот тим нема да игра ниту претстојниот викенд кога беше планирано да се сретне со Цибона.