Со двете победи во првите две кола, против Исланд 3:0 и Романија 1:0, Германија е лидер во групата во квалификациите за пласман на СП, каде се наоѓа и Македонија. Пресметката со „Панцирите“ е на 31-ви март во Дуизбург, а германските медиуми пишуваат дека селекторот Јоаким Лев за овој дуел најави неколку промени во составот во однос на оној кој играше против Романија вчера.

Како што пишуваат дел од германските медиуми на мечот против Македонија нема да играат Ноер, односно на негово место веројатно ќе биде Тер Штеген, потоа Емре Џан, Горецка и Хаверц нема да бидат во комбинација од првата минута. Нивните места се очекува да ги завземат Робин Госенс, Нојхаус и Тимо Вернер.

Уште од претходно Лев не може да смета на Тони Крос и Николас Суле поради повреди, а Хофман има коронавирус.

Мечот се игра во среда со почеток во 20:45 часот во Дуизбург.